-->
-->
Еден е Ибра
-->
Златан Ибрахимовиќ ги постигна двата гола со кои Манчестер Јунајтед славеше во Бирмингем кај ВБА и уште еднаш ги замолкна сите оние кои не го одобруваа неговото доаѓање во Премиерлигата, со образложение дека е стар и дека само ќе им го држи местото на младите играчи.
Шведскиот ветеран, 35-годишниот Ибрахимовиќ, блеска во дресот на Јунајтед со осум гола на последните седум натпревари. Исто така тој од почетокот на сезоната во Премиерлигата има постигнато 11 голови и се наоѓа на третото место на листата на стрелци зад Диего Коста (13) и Алексис Санчез (12).
„Тој е тип на фудбалер кој не мора да се докажува. Кога реши на залезот на кариерата да дојде во Англија, во најтешката лига во светот, сметам дека тогаш покаѓа дека менталитетот му е како на Супермен. Тоа што тој го прави во Премиерлигата со своите 35 години е сон на секој напаѓач кој има 25 години“, рекол менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо.
Инаку со двата гола кои ги постигна во Бирмингем, Ибрахимовиќ, оставри уште еден подвиг, од почетокот на сезоната 2011/2012 до денес тој има постигнато 100 голови на 170 првенствени натпревари во Серија А, Ла Лига, француското првенство и Премиерлигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство