Еден ден со нуркачкиот тим на Баталјонот на специјални сили „Волци“
Создавањето најелитна единица во Армијата, Баталјон за специјални сили Волци ќе значи создавање единица која во секакви услови ќе биде секогаш и секаде прва. „Секогаш и секаде први“ во многу наврати ќе значи и прва во длабочините на водите, спремна да го штити територијалниот интегритет на државата но и да биде на служба и помош на граѓаните на Македонија. Водени од помислата дека специјалците треба да бидат спремни во секакви услови, на почетоците на формирањето на единицата ќе се донесе одлука за обука на вода и нуркачки тим. Навраќајќи за на почетните денови Милутин Секуловски – Миќо човекот кој ги удри темелите на нуркањето во специјалната единица, вели едвај имавме опрема, подготовките и учењето одеше точно, но 16 пеколни денови, работејќи во екстремни услови успеавме да создадеме единица, која ќе биде спремна да одговори на основните потреби, а воедно да создадеме база од која подоцна ќе создаваме единица за почит, за да денес сме рамо до рамо и спремни да одговориме на сите задачи и мисии со сите европски и светски единици.
Волците се најспремна единица на безбедносните сили на државата да одговорат на предизвиците на вода и под вода, а тоа значи одговорност и потреба да се избираат најдобрите – што наметнува потреба од соодветна обука и селекција која припадниците на единицата ќе треба да ја поминат.
Обуката за борбено нуркање на специјалните сили е особено тежок тренинг кој бара силен ментален став, добра пливачка способност, одлична физичка кондиција. Тоа значи спремност и обученост да се нурка со отворен круг на дишење со компримиран воздух, но и со затворен круг на дишење, односно диверзантско нуркање кој овозможува елиминација на меурчиња кои вообичаено ги имаат рекреативните системи за нуркање, што пак им дава можност на на Волците неприметно да се инфилтрираат или ексфилтрираат на пловен објект или на копно.
За да се мотивираат припадниците постојано да се напредува и држи континуитетот, всушност и да се создаде професионална единица поминати се многу обуки со нуркачки единици на многу странски партнери.
Освен први во ситуации кога е во прашање безбедноста на државата, специјалната единица „Волци“ е прва и во ситуациите кога граѓаните имаат потреба од помош на вода, во различни спасувачки и извлекувачки мисии. Сите тие ситуации се ризични но како што Миќо Секуловски вели ризикот е секојденвие на припадниците на специјалните сили, а во такви ситуации тие се најдоброто што Македонија го има.
Затоа што „Секогаш и секаде први“ можат и секогаш се само - Волците.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени