-->
-->
Ѕвездите предвидуваат занимлив август - На кои хороскопски знаци ќе им се врати старата љубов
-->

Ѕвездите ни предвидуваат занимлив август и уште поинтересен септември. Сепак нема сите знаци да имаат подеднакво среќа и на некои ќе им биде посебно бурно при крајот на летото.
Погледнете во продолжение на кои знаци ќе им се врати старата љубов и кои ќе имаат прилика уште еднаш да ги оживеат старите емоции…
Лав
Лавови, подгответе се за возбудливо лето што дополн ително ќе ви донесе голем број прилики што нема да знаете што точно да одберете. Поради Венера што се наоѓа во вашиот знак ќе бидете забележани каде и да се појавите, така што ниту старата љубов нема да му одолее на вашиот шарм. Добро размислете дали да му пружите на поранешниот партнер уште една шанса или можеби да впловите во нови води. Поради Марс што во август ќе влезе во вашата петта куќа ќе бидете во дилема, но што и да одберете нема да се покаете затоа што ова е само ваше лето!
Вага
Иако се ви беше бурно на почетокот на летото, сепак таа ситуација ќе се промени. За среќа, или за жал ќе ги имате сите предиспозиции поранешниот партнер да се покае и да ви побара друга шанса. Секако вие ќе треба да одлучите што да правите. ОД 9-ти септември Јупитер влегува во вашиот знак и ветува добри аспекти и задоволство на љубовен план.
Стрелец
По турбулентниот почеток на годинава, ова лето носи подобрување на љубовен план. Кога Марс на почетокот на август ќе влезе во вашиот знак, ќе дојде до долгоочекуваните пораки и покајување од страна на поранешниот партнер или некоја личност што ве повредила. Не дозволувајте да ве поремети и не носете никакви одлуки ако не сте сигурни дека овој пат нешто ќе биде поинаку. Јупитер на 9-ти септември влегува во вашата 11-та куќа, поради што се ќе биде покристално и појасно, а можно е и да се вљубите како никогаш досега.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
-
Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
-
За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека
-
Во Брисел утре претставување на кандидатите за наградата „Сахаров“, студентите кои ги предводат протестите во Србија се едни од предложените