ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
Во учебната 2024/2025 година за 15 проценти бил помал бројот на ученици и студенти сместени во интернатите и домовите во однос на 2023/2024 година.
Како што објави Државниот завод за статистика (ДЗС), 4889 ученици и студенти биле сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2024/2025 година, што претставува намалување за 15 отсто во однос на претходната 2023/2024.
Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта, во 2024/2025 година се сместени вкупно 129 ученици.
Во 2024/2025 година имало вкупно 10 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта.
Според степенот на образование, во 2024/2025 година во домовите биле сместени 3144 студенти, 52 ученици од основно училиште, 1693 ученици од средно училиште, 35 ученици од православно верско училиште и 94 ученици од исламско верско училиште.
МИА
Ново на Сител
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот