-->
-->
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-->
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека во моментов во земјава нема активни пожари. Активен беше еден пожар на територијата на општина Долнени во атарот на с. Стровија кај Гајдарец - Клепало, кој е изгаснат.
Од ДЗС соопштуваат дека за гаснење на пожарот на територијата на општина Долнени, рано утрово интервенирале екипи на Национални шуми со доброволци ловци, кои за неколку часа успеале целосно да го изгаснат овој пожар на отворен простор кој имаше зафатено поголема површина со сува и висока трева по гребенот на планината.
Посочуваат дека пожарот на планината Готен е целосно изгаснат и од радовишката и од беровската страна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп