ДЗС: Сите видови трошоци за здравството бележат пораст во 2020 година
Вкупните тековни трошоци за здравството во 2020 година изнесувале 51 750 милиони денари и бележат пораст од 5,7 проценти во однос на 2019 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
– Сите видови трошоци за здравството, по здравствени функции и здравствени шеми, бележат пораст во 2020 година во однос на 2019 година. Вкупните трошоци за лекување во здравствените шеми во 2020 година изнесувале 28 445 милиони денари, додека во 2019 година изнесувале 27 657 милиони денари, што претставува пораст од 2,8 проценти, информираат од Заводот за статистика.
Трошоците на болниците за лекување изнесувале 17 110 милиони денари, што е 84 проценти од вкупните трошоци на болниците по здравствени функции.
По даватели на здравствена заштита, најголемо е учеството на болниците и тоа изнесува 20 361 милион денари во 2020 година, а 18 818 милиони денари во 2019 година.
– Делот на владините (буџетски) механизми и задолжителното здравствено осигурување во тековните трошоци за здравството e најголем и во 2020 година тие изнесуваат 31 337 милиони денари, а во 2019 година 29 556 милиони денари, велат од Државниот завод за статистика.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“
-
Повеќе од 24 часа исчезната е прилепчанката Билјана, семејството моли за помош | ФОТО
-
Сијарто: Пристапувањето на Украина во ЕУ нема да ја зајакне Украина, туку ќе ја доведе Унијата во војна
-
Поранешен чувар во амбасадата на САД во Осло обвинет за шпионажа за Русија и Иран
-
Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник
-
Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје