ДЗС: Над 11 илјади попишани за еден ден, досега вкупно 171 620 граѓани
Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171 620 државјани на РМ кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес од 1 март до денес, информираат од Државниот завод за статистика.
Само во последното деноноќие се попишани 11 101 лице.
– Интересни се и бројките по земји: Дали сте знаеле дека во Џибути има тројца македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу и во Свалбард и Јан Мајен по четири, во Северни Маријански Острови 11 итн. Навистина нè има насекаде и тоа треба да го покажеме, се вели во соопштението од ДЗС.
Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот