ДЗС: Граѓаните имаат доверба во попишувачите
Попишувањето се одвива со нормален интензитет и темпо, а граѓаните се поттикнати и имаат доверба во попишувачите, информираат од Државниот завод за статистика.
Посочуваат дека при спроведување на големи акции, со користење на високософистицирана технологија, нормална е појавата на технички проблеми.
-Во последниве денови се појавија голем број шпекулации околу тоа како се спроведува попишувањето во државата и со какви проблеми се соочува Државниот завод за статистика во теренските активности. При спроведување на големи акции од типот на попис, со користење на високософистицирана технологија, сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми кои се надминуваат во од, односно во најкус можен рок, соопшти ДЗС.
Од ДЗС воедно истакнуваат дека зад оваа статистичка операција стои експертски тим за поддршка кој им стои на располагање на попишувачите и кој во живо го следи процесот на попишување на терен и интервенира во истиот момент доколку се појави некој проблем.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол