ДЗС: Анкети вршат само овластени анкетари
Државниот завод за статистика соопшти дека спроведува низа истражувања во кои извештајни единици се домаќинствата и лицата-членови на тие домаќинства.
За спроведување на анкетите во Државниот завод за статистика постои анкетарска мрежа. Анкетарите се обучени и овластени од страна на Државниот завод за статистика за спроведување на анкетите, односно за анкетирање на домаќинствата и сите членови во нив.
Анкетарите имаат овластувања потпишани од директорот на Државниот завод за статистика и само овие анкетари кои при посетата на домаќинството имаат обврска да се легитимираат и да го покажат овластувањето, можат да го спроведат анкетирањето.
Државниот завод за статистика ги информира граѓаните дека само оние анкетари кои ќе се легитимираат и ќе го покажат овластувањето се овластени од страна на ДЗС и Заводот стои зад нивната работа.
Доколку граѓаните сакаат да го проверат идентитетот на анкетарот, можат да го контактираат Државниот завод за статистика на следниот линк http://www.stat.gov.mk/Contact.aspx.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото