ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука изведена во координација со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и територијалните противпожарни единици на Град Скопје, каде се одвиваше обуката. Овие лица утре ќе потпишат договор за работно ангажирање во рамки на владината мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување).
Како што информира денеска директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, вкупно 499 кандидати се пријавиле на јавниот повик на Владата, а од нив на обука се појавиле 364 кандидати.
- По завршената дводневна теоретска и практична обука изведена во координација со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување како и територијалните противпожарни единици на градот каде што се одвиваше обуката, понатаму ќе продолжат 352 лица кои во текот на утрешниот ден ќе потпишат договор за работно ангажирање за јавни работи со Агенцијата за вработување, каде како партнер се јавуваат и Дирекцијата за заштита и спасување и соодветната општина, која е дел од оваа владина мерка. Благодарност до Црвениот крст кој активно се вклучи во обуката на кандидатите во сите градови, изјави Ангелов.
Ново на Сител
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+