Џорџ Робертсон ја повика Бугарија да го укине ветото за Македонија
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон за време на неговото учество на конференцијата Евроатлантскиот Клуб во Софија побара од бугарските власти да ја укинат блокадата на Македонија кон Еевропската Унија.
Претседателот на Евроатлантскиот клуб и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, го поддржа повикот на Роберсон и ја нарече Македонија – „нашиот многу добар сосед и пријател“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Робертсон ја потсетил Бугарија дека е потребно да се има попрагматичен пристап кон меѓународните ризици при одбрана на вредностите на Евроатлантската унија. Поранешниот генерален секретар на НАТО потсети и на вредностите и стандардите на Алијансата и на евроатлантската заедница и кризите на Балканот и додаде дека нивното решение се одвиваше низ евроатлантска перспектива.
-Во 2001 година, Македонија беше на работ на граѓански конфликт, но благодарение на интервенцијата на НАТО, ЕУ и ОБСЕ и заслужни луѓе како Борис Трајковски, таа беше запрена и беше потпишан историски мировен договор. Денес, Македонија е 30-та членка на НАТО. Со овој чин Бугарија доби бонус стабилност на нејзината граница, бидејќи крвавиот граѓански конфликт може да претставува ризик за мирот и да влијае на стабилноста надвор од границите на Македонија, во целиот регион, истакна Робертсон.
Робертсон потсети дека во времето по приемот на Бугарија во НАТО и ЕУ, луѓето очекуваа членството во овие организации да помогне во запирање на насилството во регионот. Затоа, според него, македонското вето на ЕУ треба да биде укинато.
На конференцијата на Евроатлантскиот клуб во Софија учествуваа и новите министри за надворешни работи и одбрана на Бугарија Светлан Стоев и Георги Панајотов. Специјален гостин на форумот беше претседателот на Македонија Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-

Венс: Нема шанси САД да бидат во повеќегодишна војна на Блискиот Исток
-

Николоски: Државната статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај
-

Цвеќе пред спомен-плочата на гемиџијата Марко Бошнаков во Охрид за 118-годишнината од неговата смрт
-

Од 1 март побезбедни онлајн-плаќања
-

АХВ: Градоначалникот Митовски да не се иззема од одговорност за решавање на проблемот со говедата кои лутаат низ Крива Паланка
-

Орбан: Украина и понатаму ги блокира испораките на нафта за Унгарија
-

Нови 1.113 случаи на грип минатата недела, за 3,2 отсто помалку во споредба со претходната
-

Суд одби барање да се запре проектот на Трамп за сала за бал во Белата куќа
