Џонсон: Велика Британија до јули ќе се врати во состојба блиска до нормалната
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сака земјата во јули да се врати на состојба „блиска до нормалната“ и најави дека со издвоени 93 милиони фунти или околу 104 милиони евра ќе го забраза отворањето Центар за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот.
Обраќајќи им се на 100-тина ториевски пратеници преку видео-врска, Џонсон кажа дека ќе преземе „бавни чекори“ за олеснување на мерките, но само доколку Британците се придржуваат до актуелните мерки за карантин.
Џонсон оцени дека епидемијата го покажала најдоброто кај луѓето и посочи дека упорноста на јавноста и здравиот разум ќе и овозможат на земјата да напредува во надминувањето на мерките за карантин кон „нормалноста што многу ни недостасува“.
Тој, исто така, изјави дека Истражувачкиот центар во Оксфордшир ќе биде отворен една година порано, во обид брзо да се пронајде вакцината против коронавирусот, пренесува „Дејли Меил“.
Би-Би-Си, исто така, соопшти дека Џонсон признал дека е фрустриран од „комплексното “ ублажување на мерките за карантин во Велика Британија.
Еден од пратениците, кој учествуваше во видео повикот со премиерот, за британски „Сан“ изјави дека Џонсон им кажал дека е одлучен земјата да ја врати блиску до нормалата пред крајот на јули.
„Но, беше и јасен дека се ќе зависи од тоа дали земјата ќе ги исполни условите утврдени за борба против вирусот“, рече неименуваниот пратеник.
Ново на Сител
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
-

Одбележана втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад
-

Навивачи на „Фемили“ нападнале група навивачи на „Работнички“, тешко повреден малолетник
-

Излезноста во Брвеница до 11 часот изнесува 13,82% – зголемена во однос на првиот круг
-

Скопјанец приведен по пријава дека ѝ се заканувал на сопругата, таа пријавила и долгогодишно малтретирање
