Џонсон: Смртта на Флојд е непростлива, но демонстрантите треба да бидат разумни
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на полициска интервенција, е ужасен и непростлив настан, а на демонстрантите им порача да се придржуваат до законот и да бидат разумни.
Тој обраќајќи се пред пратениците истакна дека животите на Афроамериканците се важни и оти ги разбира бесот и тагата, не само на граѓаните на САД, туку на целиот свет, вклучитено и на Велика Британија.
Претходно, лидерот на опозициските лабуристи Кир Стамер изјави дека е шокиран и бесен поради смртта на Флојд и го критикуваше Џонсон поради „недостиг на одговор“, барајќи Лондон да упати силна порака до американскиот претседател Доналд Трамп поради неговото нереагирање на таквиот развој на настаните.
Џонсон одговори дека тоа што се случи во САД е ужасно и непростливо.
Сите тоа го видовме на нашите екрани и совршено го разбирам правото на луѓето да протестираат, иако верувам дека протестите треба да се одржуваат на законски и разумен начин, посочи Џонсон.
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
