Џонсон предлага нов економски и воен сојуз како алтернатива на ЕУ
Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ повикувајќи се на неименувани извори објави дека британскиот премиер Борис Џонсон има таен план за формирање на нов економски и воен сојуз како алтернатива на Европска Унија.
Весникот наведува дека Џонсон својот план првпат го претставил на 9 април при неговата посета на Киев. Според Џонсон, лидер на новиот сојуз би била Велика Британија, а членки покрај Украина, би биле и Полска, Естонија, Литванија, Летонија, а во подоцнежната фаза, евентуално и Турција.
Британската иницијатива се потпира на држави кои го потврдуваат својот национален суверенитет, имаат либерални економски ставови и се спротивставуваат на политиките на Москва.
Украинските власти ниту го прифатиле ниту го отфрлиле британскиот план. Но, „Кориере дела Сера“ наведува дека Украина може да ја прифати идејата доколку ЕУ не и го признае кандидатскиот статус на Самитот на ЕУ на 23 јуни.
Италијанскиот весник наведува дека британскиот проект најверојатно ќе биде „колос на глинени нозе“ бидејќи Лондон нема капацитет како ЕУ, финансиски да ја поддржи Украина, ниту е сигурно дека Полска или балтичките земји ќе преземат иницијатива што може да ги загрози нивните односи со Брисел.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево