-->
-->
Џонсон поддржа Брегзит
-->
Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон изјави денеска дека ќе поддржи гласање за излегување на Велика Британија од Европската унија, што се оценува како удар врз премиерот Дејвид Камерон пред референдумот за членство што треба да се одржи во јуни.
– Ќе се залагам за гласање за излегување, изјави Џонсон, кој е член на Конзервативната партија на Камерон и кој е виден како негов потенцијален наследник на премиерката функција.
Камерон во интервју за Би-Би-Си апелираше до Џонсон да поддржи останување на Британија во ЕУ.
Кампањата за останување на Британија во ЕУ има 15 отсто предност во однос на противниците на идејата, се вели во резултати од анкета на Мејл он Сандеј. Камерон најави одржување референдум за 23 јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење