-->
-->
Џонсон и Џонсон планира да ја тестира својата вакцина на бремени жени
-->
Американската фармацевтска компанија Џонсон и Џонсон соопшти дека својата вакцина, која во моментов е одобрена само за возрасни, сега ја тестира и на адолесценти, а планот е да почне тестирање и кај бремени жени.
Што се однесува до тестирање на адолесценти, вакцината, која се дава во една доза, прво ќе се тестира на мал број на 16-годишници и 17-годишници како дел од клиничко испитување што се спроведува од минатиот јуни, соопшти компанијата.
По разгледувањето на првичните резултати, тестирањето постепено ќе се прошири на поголема група помлади адолесценти, почнувајќи од 12-годишна возраст.
Вакцината Џонсон и Џонсон е регистрирана во САД и е одобрена за употреба во Европската унија на 11 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш