Џонсон го назначи Стив Баркли за шеф на кабинетот
Британскиот премиер Борис Џонсон го назначи Стив Баркли за нов шеф на неговиот кабинет.
„Баркли ќе стане нов шеф на кабинетот на премиерот. Тој ќе работи директно со колегите во Владата за да се обезбеди презентација и спроведување на агендата на премиерот што е можно поскоро“, се вели во соопштението од Даунинг стрит.
Стив Баркли беше поранешен министер за Брегзит во администрацијата на Тереза Меј.
Новинарот Гуто Хари се приклучува на тимот на Џонсон како директор за комуникации. Тој беше портпарол и шеф на кабинетот на Џонсон за време на неговиот прв мандат како градоначалник на Лондон.
„Оваа недела ветив промени за да можеме да ја продолжиме работата за која нè избра британската јавност“, се вели во изјавата на премиерот.
Претходно, шефот на кабинетот на премиерот Џонсон, Ден Розенфилд поднесе оставка, како и неговиот главен личен секретар Мартин Рејнолдс, неколку часа откако беше објавено заминувањето на двајца други премиерски соработници.
Портпаролот на Џонсон изјави дека советникот за комуникации на премиерот Џек Дојл ја напуштил Владата, а беше објавено и дека заминува Мунира Мирза, политички функционер во „Даунинг стрит“.
Џонсон изгуби вкупно четворица соработници во четвртокот, поради скандалот со забавите во „Даунинг стрит“ за време на карантинот, што дополнително ја ослабна неговата позиција.
Ново на Сител
-
Пожар во депонијата „Дрисла“, Ангелов вели дека не е алармантен
-
„СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар”
-
Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата
-
Скопје ќе биде домаќин на Европски куп во џудо
-
Зеленски: Русите го бомбардираа селото Јарова во Доњецк, убивајќи над 20 цивили
-
Тројца од повредените пожарникари во пожарот во „Макпрогрес“ се пуштени дома, четвртиот испратен на дополнителни испитувања
-
Бронзени бисти одземени од Градските гробишта - Бутел
-
Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна