-->
-->
Џонсон ги повика Британците на единство
-->
Британскиот премиер Борис Џонсон повика на единство во текот на турнејата низ подрачјата во земјата во кои Лабуристичката партија загуби на вонредните парламентарни избори во четвртокот.
Владеачката Конзервативна партија освои 365 од 650-те места во Долниот дом на британскиот Парламент, односно 48 места повеќе, благодарение на поразот на лабуристите во одредени подрачја од Велика Британија каде тие со децении владеаеја.
Меѓу тие области е и Дарем, на северот од Анлагија, некогашното „упориште“ на поранешниот лабуристички премиер Тони Блер.
Џонсон го посети ова подрачје и на локалните жители им кажа дека е свесен дека многумина сакале да ја прекинат оваа традиција и затоа им се забалагодари на довербата.
Британскиот премиер повторно вети дека Велика Британија на 31 јануари ќе излезе од составот на Европската унија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи