-->
-->
Џон Тери ќе игра за Астон Вила
-->
Џон Тери ќе ја продолжи фудбалската кариера во Астон Вила, пренесуваат англиските медиуми.
Како што објави „ЕСПН“ доскорешниот капитен на Челзи, Тери се очекува деновиве и официјално да стави потпис на договорот со Астон Вила.
Откако 36-годишниот Тери по 22 години минати на „Стемфорд Бриџ“ беше приморан да го напушти тимот, бидејќи менаџерот Антонио Конте потенцира дека нема да смета на неговите услуги, голем број на клубови покажаа интерес за поранешниот капитен на Англија.
Иако на почетокот се најавуваше и негово заминување во пензија, но постоеја и гласини за трансфер во американската МСЛ лигата, но и дриги тимови од Премиер лигата, сепак Тери решил да остане во Англија. Причината поради која Тери реши да потпише со Астон Вила, 37-годишниот дефанзивец ја обрасложи со фактот дека тимот од Бирмингем нема да се натпреварува во Премиер лигата против клубот во кој ја мина скоро цела кариера и се афирмира како фудбалер. Со овој потег Тери потврди колку му значи името Челзи и неговите навивачи.
Тој е прво засилување за Астон Вила, тим кој ќе се обиде да се врати во Премиер лигата, а доколку тоа им успее, според договорот, Тери би добил дополнителна награда од 2 милиони фунти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг