-->
-->
Џикиќ : Ме сменија по мејл!
-->

Сментиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, во изјава за „mozzartsport.com“, вели дека е разочаран од начинот на кој го добил отказот од Македонската кошаркарска федерација.
Џикиќ вели дека за прекинот на соработката бил известен преку e-mail и тоа откако медиумите во Македонија ја објавиле веста, односно кусото соопштение од МКФ.
„Јс сум во шок, првиот тренинг беше закажан за в сабота, закажани се и сите контролни натпревари...Знаете што значи за еден тренер да предводи репрезентација на Европско првенство. Едноставно тоа право ми е одземено со едно кратко објаснување“, изјавил Џикиќ.
Алаксандар Џикиќ за селектор беше назначен на 30.декември 2013 година, тој успешно ја изврши смената на генерации и избори пласман на Европското првенство.
Инаку МКФ неколку часа по информацијата дека соработката со Џикиќ е раскината го назначи Марјан Србиновски за нов селектор.
Македонската репрезентација в сабота ќе стартува со подготвките за ЕП кое ќе започне на 5.септември. Кошаркарите на континеталното првенство ќе се натпреваруваат во Ц групата заедно со Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
