Џијан Емин под отворено небо ќе диригира во Будимпешта
Македонскиот диригент Џијан Емин на 2 јули ќе гостува на „Летниот фестивал“ во Будимпешта. Маестро Емин ќе ќе диригира со оркестарот „Данубија Оркестра Обуда“, а под отворено небо ќе прозвучат едни од најпопуларните француски шансони.
Џијан Емин доби покана да гостува во унгарската метропола по успешниот концерт на Македонската филхармонија „Париз те сакам“, кој се одржа на 14 февруари по повод Денот на вљубените во Македонската опера и балет, а на кој беа изведени француски шансони со негови оркестрации.
Како вокалистка и во Будимпешта ќе се претстави познатата унгарска џез-уметница Миртил, која ја воодушеви скопската публика на концертот „Париз те сакам“. Sous le ciel de Paris, La Vie en rose, Padam padam, Paroles, Paroles, L’hymne a l’amour, Milord, Ne me quitte pas, Non, je ne regretted Rien..., се само дел од композициите кои што ќе ги слушне и унгарската публика.
Концертот на Џијан Емин во Будимпешта следува по неговиот настап како диригент и оркестратор на десеттото издание на „Види музика, слушни слика, добиј книга“, кое годинава беше посветено на култната група „Пинк Флојд“.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството