-->
-->
Џихадистите се повлекуваат од ирачката покраина Анбар
-->
Исламската држава (ИД) ги повлече денеска своите борци од градот Рутба во западната ирачка провинција Анбар, соопшти неименуван генерал од ирачката војска, пренесува Танјуг.
- Даеш (ИД) целосно се повлече од Рутба и појде кон Ал каим, изјавил генералот, зборувајќи за џихадистичкиот бастион на границата со Сирија.
Тој дополни дека вооружени припадници на ИД почнале да се повлекуваат минатата ноќ, а утрово завршиле со повлекувањето.
Градоначалникот на Рутба, Имад Ахмед, исто така потврди дека ИД се повлекла од тоа место. Тој оцени дека нивното повлекување е последица на претпрените загуби во Анбар и преземањето на контролата на Рамади од страна на ирачките безбедносни сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости