Loading Video...
Фудбал
8. February 2021 - 20:00

Џиџи: Чувствувам обврска да му помогнам на Вардар

Никола Илиевски – Џиџи е новиот шеф на стручниот штаб на Вардар. Со тоа полека се надминува состојбата во редовите на актуелниот првак кој од утре треба да започне со тренинзи. 
 
Популарниот Џиџи беше тренер на многу екипи во својата богата кариера а беше и на кормилото на ФК Вардар.   Илиевски исто така беше и селектор на фудбалската репрезентација на Македонија и најави дека негова желба е да му помогне на Вардар да излезе од кризата како човек што потекнува од редовите на нашиот најтрофеен клуб. 
Јас како вардарово дете морам да му помогнам, тука нема дилеми. Вистинските вардарци се докажуваат на дело, кога му е најтешко. Барам поддршка од медиумите, од јавноста, од Комитите, не за мене, туку за играчите што останаа и за самиот клуб. Вардар е светост и мораме сите во интерес на мак – фудбалот да му помогнеме. Да издржиме до јуни, а потоа веројатно некои работи ќе се поправат“изјави специјално за медиумите Никола Илиевски.