Џез-концерт вечер во Штип
Џез-музика од нејзините почетоци во Њу Орлеанс од дваесеттите години на минатиот век па се до звуците на современата македонска и светска џез-сцена ќе бидат дел од вечерашниот џез-концерт во Штип.
- Во организација на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, вечер во Универзитетскиот ресторан ќе се одржи џез настан, на кој ќе настапат Кирил Кузманов, Гордан Спасовски, Кирил Туфекџиевски и Виктор Филиповски, изјави Видан Лазарев од Здружението на џез-музичари.
Тој истакна дека ова не е прв џез-концерт годинава во Штип. На 30 април, по повод Светскиот ден на џез-музиката, се одржаа низа музички настани на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип со кои беше одбележан денот, а џез се свиреше и на прославата за 10 години постоење на Штипскиот универзитет, како и на новогодишниот концерт на Музичката академија.
Почетокот на вечерашниот концерт е во 21 часот, а влезот за посетители е слободен.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори