Џери Адамс: Нема да има влада во Белфаст додека нема согласност за ирскиот јазик

Претседателот на ирската националистичка партија „Шин Феин“, Џери Адамс предупреди дека во Белфаст нема да има извршна власт се додека не се постигне согласност за ирскиот јазик и неговата употреба.
Адамс зборувал на еден партиски собир на кој ги повикал унионистите од северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) да не се спротивставуваат на ова прашање и со својот партнер во владата во Белфаст, „Шин Феин“, да се спогодат околу донесување закон за ирскиот јазик.
- Ирскиот јазик за никого не претставува закана, рекол Адамс, порачувајќи му на раководството на ДУП дека ако не се постигне согласност за закон за јазикот, нема да се конституира новоизбраното Собрание на Северна Ирска, а нема да се формира ниту влада.
Острата спротивставеност меѓу унионистите и републиканците околу законот за јазикот предизвика оставка на тогашниот заменик прв министер Мартин Мекгинис, што автоматски значеше паѓање на владата само по неполни шест месеци откако беше избрана.
Новите избори, меѓутоа, уште повеќе ја компликуваа ситуацијата, затоа што на нив ДУП освои најмногу гласови, но сега има само едно пратеничко место повеќе од „Шин Феин“.
Цврстите позиции на оваа партија предизвика таа да инсистира на законот за јазикот, како на главен услов за политичка деблокада и за надминување на ситуацијата во која Северна Ирска нема влада уште од јануари оваа година.
За републиканците-националисти, јазикот е симбол на идентитетот и инсистираат на двојазичност во покраината, откако сите досегашни обиди да се воведе една таква пракса пропаднаа поради несогласување на унионистите кои инсистираат само на употребата на англискиот јазик.
Според последниот попис во 2011 година, осум отсто од Северноирците се изјасниле дека го зборуваат ирскиот јазик, а само 4,5 отсто признале дека ирскиот е нивниот основен јазик.
Ново на Сител
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
-

Направен 1,1 километар од патот Отовица-Сојаклари, во близина на велешко езеро „Младост“
-

СЗО: До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници
-

Ѓорѓиевски: По три децении лажни ветувања, денес Горно Оризари, конечно, добива достојни услови за живеење
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
