Џенифер Анистон се разведува по две години брак
Актерите Џенифер Анистон и Џастин Теру се разделуваат по две и пол години брак.
- Одлуката е взаемна и постигната со многу љубов кон крајот на минатата година... Ние сме двајца прекрасни пријатели, кои решија да се разделат како двојка, но сакаме да го продолжиме своето пријателство, се вели во заедничкото соопштение на Анистон и Теру.
Џенифер Анистон се прослави со улогата на Рејчел во хит хумористичната серија „Пријатели" и со настапит во бројни други романтични комедии. Џастин Теру настапи во филмовите „Пороците на Мајами", „Мулхоланд Драјв", како и во серијата „Престанати".
Глумците се верија во август 2012., а се венчаа во август 2015 година. Тие немаат деца, и како што велат и натаму ќе го задржат меѓусебното почитување и ќе останат во добри пријателски односи.
Сево ова се случува неколку месеци по разводот на поранешниот сопруг на Анистон, Бред Пит со Анџелина Џоли.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид