Џегер: Дејвид Боуви често ме копираше
Една од живите рок-легенди Мик Џегер неодамна изјави дека починатиот Дејвид Боуви често од него крадел идеи за облекување и движења на сцената.
Во интервју за „Ролинг Стоунс“, Џегер вели дека Боуви бил голем обожавател не неговиот стил на облекување и однесување на сцена.
- Кога ќе се сретневме, секогаш ќе ме прегрнеше и потоа ќе ме заобиколеше за да види како сум облечен, вели Мик Џегер.
Пејачот на Ролинг Стоунс објасни дека Боуви го копирал и за облекување и за движење на сцена.
- Беше целосно отворен околу тоа. Доколку нешто би зел, секогаш после тоа би ми рекол „Тоа беше твое“. Никогаш не ми пречеше да делам со него, бидејќи тој толку често толку многу делеше со мене, истакна Џегер.
Според него, тие двајца биле многу блиски во `80-те години во Њујорк.
Ново на Сител
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
-
Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата
-
Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“
-
Дембеле се врати на тренинзи по повредата
-
НБА: Јута го продолжи договорот со тренерот Харди
-
Ф1: Алпин размислува за замена на возачите, Колапинто на местото на Дуан
-
Кривична пријава против фудбалерите на Гостивар за напад на полицајци по мечот со Струга