Живот
24. October 2017 - 22:17

Џасмин (16) се онесвестила во училница и умрела: Криела ужасна тајна, а причината за смртта е шокантна

Џасмин Бивер имала само 16 години кога еден ден паднала во училница и повеќе и немало спас.

Причината за тоа е шокантна. Во прашање било големото количество коса што го изела.

Имено оваа тинејџерка имала необично нарушување - често ја џвакала својата сопствена коса, која се собрала во толкаво количество во нејзиниот желеудник што и го блокирало дигестивниот систем.

Џасмин тога добила перитонитис, воспаление на тенкиот слој на ткивата во абдоменот, зошто парчето коса во нејзиниот организам бил инфициран и предизвикал чир кој пукнал. Тогаш на девојчето му откажале виталните органи.

Што е Рапунзелов синдром?

Името го добил по бајката на браќата Грим, „Златокоса“. Се работи за нарушување, кое обично е проследено со трихотиломатија - компулзивно кубење на косата. Болните често ја цицаат и ја јадат косата од својата глава, а причина за оваа, често несвесна постапка е страсот.

Симптомите се нагло губење на тежина, намален апетит, диареја, но и многу други. Дури 70 отсто од пациентите се девојчиња на возраст по 20 години. А ова нарушување често следува по потешки трауми во животот.

Целата трагедија се случила додека Џасмин била на училиште. Наеднаш паднала на подот.

Веднаш дошла медицинска екупа која еднаш успеала да ја оживее на 15 минути и да ја превезе во болница, но и немало спас.