Џаред Кушнер го губи пристапот до строго доверливи информации

Џаред Кушнер, зетот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе нема пристап до доверливи информации од највисокото ниво означени под графата „Строго доверливо“, тврди неименуван претставник од Белата куќа.
Според истиот извор, Кушнер и уште неколку вработени во Белата куќа биле информирани во петокот дека нивниот пристап до доверливи информации бил намален од „строго доверливо“ на „доверливо “ ниво.
Досега Кушнер имаше привремено овластување за пристап до документите што содржат најделикатни информации.
Кушнер, кој е оженет со Иванка Трамп, најстарата ќерка на американскиот претседател, е задолжен за преговорите за израелско- палестинскиот мировен процес.
Ваквата информацијата беше соопштена по објавувањето дека многу соработници на Трамп се уште не добиле дозвола за постојан пристап до класифицираните информации, но и покрај тоа работат непречено со такви документи.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
