Џаферовски: Понудена помош за справување со пожарите во Грција

Дирекцијата за заштита и спасување со ресурсите со кои распоалага е ставена во функција на помош на Република Грција и доколку биде побарана помош ќе отпочнеме процедура за испраќање помош, информира директорот на ДЗС Аднан Џаферовски.
- Владата на Република Македонија е во постојан контакт со грчките власти и понудена е помош уште од вчера. ДЗС е владино оперативно тело и со своите ресурси е подготвено да помогне. Очекуваме одговор од нивна страна. Доколку изразат потреба ќе отпочне процедурата за испраќање помош од наша страна, изјави Џаферовски за МИА.
Министерството за надворешни работи на Македонија соопшти дека досега немаат барања за помош од македонски граѓани за пожарите во Грција и им препорачува на државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите во областа на Атика во околината на Атина.
Во Грција во изминатите 24 часа, од 6 часот вчера, до 6 часот утрово, биле регистрирани 47 пожари. Бројката на потврдени жртви од пожарите е 49 лица, според портпаролката на грчката противпожарна служба, додека пак 156 лица се повредени, од кои 11 се во критичка состојба.
Ново на Сител
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
-

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии
-

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот кај Палиград и Китка
-

УХМР: Утре попладне локално невреме со пороен дожд
-

Приведени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
-

Зеленски: Одржувањето избори за време на војна би било огромен ризик за Украина
