Џафери: Законот за јазиците ќе го пратам до Службен весник кога ќе биде соодветно време
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вели дека законот за употреба на јазиците ќе го прати до Службен весник на РМ кога ќе процени дека е соодветно време, но не прецизира кога тоа би можело да се случи.
- Имајќи предвид дека нема рокови во однос на објавувањето на законот за јазици, сметам дека во соодветно време, кога ќе проценам дека треба да се прати законот до Службен весник, тој ќе се објави и потоа да можат другите надлежни институции да се произнесат по однос на текстот на законот односно за оние укажувања и дилеми кои се искажаа во јавноста, истакнува Џафери во интервјуто на Радио Слободна Европа.
Џафери не сака да ги коментира гласините дека ДУИ калкулира со Законот за јазици и игра топло-ладно за во случај на предвремени парламентарни избори, кои се во игра со претседателските, да го извади повторно и да го направи тема.
- Не би сакал да го коментирам тоа што вие го нотирате. Сметам дека тоа не е став и калкулирање на ДУИ и на која било од политичките партии, затоа што законот е веќе донесен по втор пат и нема каква калкулација да се направи во однос на тоа, вели Џафери во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Ново на Сител
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите