Џафери за четврток ја закажа собраниската седница за доверба на Владата
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за четврток во 11:00 часот седницата на која треба да се гласа доверба на Владата.
-Информираме дека во Собранието на Република Северна Македонија е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија и истата е архивирана од надлежните служби. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање доверба на Влада, а седницата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток, на 11 ноември 2021, во 11.00 часот. Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата, наведува Кабинетот на Претседателот на Собранието.
Кабинетот додава и дека за сите чекори и процедури, како и досега, претставниците на медиумите ќе бидат информирани преку надлежните служби во Собранието.
Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, АА и Алтератива, Беса и Левица денеска поднесоа Иницијатива за гласање недоверба на Владата. Иницијатива, како што соопшти Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, ја потпишале 61 пратеник.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претходно кажа дека ќе го причекаат премиерот Зоран Заев да ја депонира најавената оставка, но откако тоа не се случи, иницијативата за гласање доверба на Владата попладнево е поднесена во Собранието.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања за обвинетите: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, претежно мижам
-
Кривична за началничка - Си овозможила бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот
-
Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски
-
Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари по литар
-
Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво
-
Кешишев изјави дека не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо
-
Кина вети стабилни односи со Јужна Кореја по отповикувањето на претседателот Јун
-
САД воведуваат вештачка интелигенција во воената авијација