Џафери-Улман: Швајцарија и Македонија ги поврзува искрено пријателство
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со новата амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија Вероник Улман Марти на која истакна дека двете земји ги поврзува искрено пријателство, засновано на соработка и меѓусебно почитување.
Како што се наведува во соопштението од Собранието, Џафери потенцирал дека во Швајцарската Конфедерација, Северна Македонија гледа голем и искрен сојузник во процесот на остварување на надворешно политичките приоритети на земјата.
Исто така, го поздрави трудот и посветеноста на Швајцарската Амбасада кој е претставник на швајцарската Влада за Проектот „Програма за поддршка на Парламентот“, кој има за цел да обезбеди инклузивно и поефикасно функционирање на институцијата, односно целокупно институционално јакнење, унапредување на законодавната и надзорната функција и овозможување на соодветен пристап и транспарентност во работата на Собранието на Република Северна Македонија за граѓаните и граѓанските организации, особено маргинализираните групи, преку зајакната транспарентност и отчетност.
Џафери искажа подготвеност и во иднина да ја поддржува парламентарната соработка на двете земји на сите нивоа, и во таа насока, упати возвратна покана до претседателот на Сојузниот Парламент на Швајцарската Конфедерација, во взаемно прифатлив период и штом го овозможат тоа околностите и ситуацијата со Ковид 19.
Амбасадорката Улман, констатирајќи дека односите на двете земји се одлични, нагласи дека Република Северна Македонија стана еден од најважните партнери за соработка на Швајцарската Конфедерација, а клучниот елемент во билатералните односи е Швајцарската програма за билатерална соработка.
-Новата програма за соработка беше одобрена на почетокот на оваа година. Истата се фокусира на инклузивно демократско владеење, вработување и одржлив економски развој, како и на животната средина и одржливите јавни претпријатија, додаде Улман.
Таа стави особен акцент на приоритетите во реформирањето на Собранието на Република Северна Македонија за да биде поефикасно, пофункционално, особено во однос со јавноста, се посочува во соопштението.
Соговорниците, имајќи предвид дека нема отворени прашања меѓу двете земји, изразиле лично уверување дека и во наредниот период ќе се продолжи во истата насока на зајакнување на взаемните односи.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот