Џафери со честитка за католиците за Денот на сите светци
Претседателот на Собранието, Талат Џафери им го честиташе празникот Денот на сите светци на припадниците на католичка вероисповед.
– Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, би сакал од свое лично име и од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија, искрено да Ви го честитам празникот 1 ноември, Ден на сите светци. Ви посакувам овој празник во кој се чествуваат сите светци знајни и незнајни, да го поминете во кругот на вашите блиски и сакани, исполнети со мирот и благосостојбата која ваквите духовни празници ги носат, се наведува во честитката.
Џафери натаму во честитката нагласува дека религиите, иако се различни едни од други, во својата суштина не учат на скромност, добрина и почит.
– Ви испраќам убави празнични мисли и добри желби, духот и пораките од празниците да бидат водилка во сите денови од годината, додава претседателот на Паралементот во честитката.
Ново на Сител
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно