Џафери се сретна со стипендистите во германскиот Бундестаг
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска имаше средба со избраните парламентарни стипендисти во германскиот Бундестаг за 2018 година Вера Јовческа и Ева Јованова.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери на средбата ги констатирал позитивните искуства од досегашните стажирања на ИПС стипендистите во Собранието на Република Македонија, непосредно пред нивното заминување во Германија.
Тој ја се заблагодарил за, како што се наведува, одличната соработка германските амабасадори во Македонија и за поддршката на аспирациите на Република Македонија за членство во НАТО и Европската унија.
На средбата присуствуваа и и Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Катрин Фринсфелд, аташе за култура и Марија Мицевска Кокаланова, координатор на ИПС програмата во амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија.
Аташето за култура во германската амбасада Фринсфелд изрази задоволство од реализацијата на денешната средба и нагласи дека размената на млади луѓе од различни земји и региони во светот заинтересирани за политика, е од исклучително значење за Германија и во тој контекст, дека особено се ценат високите квалификации на младите кои аплицираат за оваа стипендија од Република Македонија.
Стажирањето на стипендистите во Собранието, како што се наведува во соопштението, е одлична можност тие одблиску да се запознаат со функционирањето на Парламентот и подоцна да направат споредба со функционирањето на Бундестагот, но и дека по завршување на стажирањето и враќањето во Македонија, ќе ги споделат стекнатите искуства.
ИПС е традиционална активност на германскиот Бундестаг, кој заедно со Техничкиот универзитет, Слободниот универзитет и Универзитетот Хумболт од Берлин, дава можност на млади луѓе со завршено универзитетско образование од земјите од Југоисточна Европа да се запознаат со парламентарниот систем на Германија. Во Република Македонија, проектот се реализира од 2001 година, а заклучно со програмата за 2018 година, досега од РМ учествувале 50 стипендисти. Стипендистите работат со пратеници на германскиот Бундестаг, кои имаат особен интерес за развивање на односи со земјите од Западниот Балкан, а посебно со Република Македонија. Програмата за запознавање со работењето на Собранието на Република Македонија, која започна да се спроведува од 2009 година, е десетта Програма за запознавање на овие стипендисти со работата на Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе