Џафери се сретна со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Која

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
Џафери, како што соопшти неговиот кабинет, потенцирал дека ја цени улогата на ОБСЕ во развојот на демократските процеси во земјата, а особено, како што нагласил, активностите на Мисијата во Скопје со која Собранието соработува веќе 26 години.
Тој оценил дека демонстрираната неутралност и придонесот што Мисијата го дала во критичните периоди, се од голема полза за Република Македонија.
Истовремено, Џафери изразил задоволство од континуираната соработка на Собранието на Република Македонија со ОБСЕ, за што сведочи интензитетот на средбите со високи претставници на оваа Организација.
Амбасадорот Клеменс Која изразил задоволство што ја презема оваа важна позиција, нагласувајќи дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси. Тој ги поздравил заложбите на Џафери за зголемување на стандардите во работата на Собранието, како и за професионализација и независност на собраниската служба.
Соговорниците размениле мислења за можностите за идна соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, особено во насока на поддршка на Мрежата на канцеларии за комуникација на граѓаните со пратениците, за што Мисијата на ОБСЕ е подготвена да обезбеди обука на пратениците и вработените, како и опремување на канцелариите.
На средбата станало збор и за кампањата за претстојниот референдум, ставот на опозицијата и атмосферата меѓу граѓаните за истиот при што, претседателот Џафери оцени дека се поголем број граѓани ја сфаќаат потребата и битноста на изјаснување на референдумот.
Нагласувајќи ја високата поддршка на граѓаните на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО, потврдена на последните анкети за испитување на јавното мислење, тој оценил дека оваа определба ќе треба јасно да се покаже и на референдумот.
Џафери и Која ја нагласиле и улогата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, како мошне значаен чинител во структурата на Организацијата и витална врска меѓу владиниот дел на ОБСЕ и пратениците кои се директно избрани од граѓаните.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
