Џафери: Некоректно е да се коментира познанство со обвинителот Абази
– Познанството со новоизбраниот шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази со луѓе на ДУИ, не треба да коментира, со оглед дека станува збор за претставници на различни власти.
Вака одговори Талат Џафери на прашањето на МИА околу релациите помеѓу владејачка партија и обвинителот.
– Прво и основно јас сум претседател на Собранието и како пратеник и како Собрание ние сме посебна власт, тие се посебна власт. Ние сме мала држава. Ако одиме од тоа дали се познаваме или не, ќе биде некоректно да кажеме дека ние не го познаваме човекот којшто ни бил во Вишото обвинителство во Гостивар. Така што, во тој контекст не е спорно ние дали се знаеме или не, рече претседателот на Собранието на Република Северна Македонија
Според првиот парламентарец секој поинаков коментар оди на штета на системот и на властите и нагласи дека познанствата не треба бидат пречка некој граѓанин биде избран за функционер, а личните релации не треба да се отежителна околност.
– Тоа не треба да е спорно и доколку утре негде бидете избрани, а се познавате со претседателот на Собранието тоа да биде пречка во тој избор. Правото на избор е право загарантирано на секој граѓанин да биде избран, именуван, да гласа, да биде избран. Така што, во тие рамки не би смеело да се коментира, подвлече Џафери, кој денес беше на настан во Гостивар за популаризирање на работата на Парламентот.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ за влез во земјава се чека до 30 минути
-
Апсење на Средно Водно, скопјани фатени со дрога
-
Панче Тошковски од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи
-
Штети од невремето на градинарските насади во Пехчевско и околината
-
Фатмир Лимани ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади
-
ДСЗИ иницира формирање комисија за да се утврди дали имало пропусти во лекувањето на новороденчето од Ресен
-
САД, Јапонија и Јужна Кореја со силна осуда на продлабочената воена соработка помеѓу Пјонгјанг и Москва
-
Претрес во Тетово, пронајдена дрога