Џафери на средба со државните ревизори на Северна Македонија и Хрватска
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со главните државни ревизори на Северна Македонија и на Хрватска, Максим Ацевски и Иван Клешиќ.
Како што соопшти Кабинетот на Џафери, средбата била одлична можност за разменување предлози и идеи за подобрување на соработката помеѓу врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Хрватска, со следење на позитивните практики на земјите членки на Европската Унија.

Претседателот на законодавниот дом истакнал дека во наредниот период се очекува и потпишување меморандум за соработка помеѓу Собранието и Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија.
Од прес-службата на Џафери додаваат дека високите претставници на двете ревизорски институции срдечно се заблагодариле на можноста за средба и на искрената поддршка од Џафери и Собранието.
Ново на Сител
-

Откриени 10 непотребни кардиохируршки операции
-

ФЗОМ одбележува 25 години постоење
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ дека Заев се уште ги држи конците во СДС е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче
-

18 нови вработувања во штипска Клиничка болница
-

Започнува единаесеттото издание на „Самун ем татлија“ во Радовиш
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
