Џафери: Кои точки ќе бидат на седница не одлучувам јас туку пратениците
На веќе свиканата седница со 30 точки меѓу кои и законите од 5-тиот пакет мерки претседателот на Собранието не може да прави измени. Дневниот ред го усвојуваат и можат да го изменуваат само пратениците и предлагачите на точките. Ова е одговор на спикерот Џафери по барањата на опозицијата дека бараат седница со дневен ред само за економските мерки за кои би дале поддршка и би направиле кворум со мнозинството како решение за нефункционалност на парламентот.
На брифингот со новинарите Џафери појасни дека немал средба со опозицијата бидејќи имале ултимативни барања. Средба со премиерот Заев кој го најави состанокот оценува во текот на денот, но ваквата средба била негова деловничка обврска. Џафери вели проблемот не е во кворумот кој не може да го обезбеди власта бидејќи пратениците од мнозинството не доѓаат поради болест, а не поради тоа што се "шетале" некаде. Според него опозицијата е таа која блокира и ултимативно уценува иако опозициските пратеници не ја исполнуваат својата обврска да работат. Џафери вели опозициските пратеници се потпишуваат дека се присутни на седница, а не влагаат во сала.
Во однос на можноста за прогласување на вонредна состојба како опција која ја спомна премиерот, Џфери коментира дека не ни размислува на тоа бидејки нема потреба, ниту услови согласно Устав и Деловник.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво