Џафери и координаторите на пратеничките групи на средба со Спасовски во Собранието
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Собранието на РМ ќе се сретне со претседателот на Парламентот Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи и претседателите на комисиите за надзор на комуникациите, во насока на следење на приоритетите и итните реформски приоритети и исполнување на препораките и забелешките дадени од експертската група предводена од Рајн Хард Прибе.
Собранието соопшти дека средбата е на иницијатива на Спасовски, а освен Џафери и координаторите на пратеничките групи, на неа ќе присуствуваат и претседателите и членовите на Комисијата за надзор над УБК и на Агенцијата за разузнавање, Комисија за надзор над спроведувањето на посебна истражна мерка за следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана и Комисијата за одбрана и безбедност.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи