Џафери и координаторите ги договараат неделните активности на Парламентот
Во Собранието на Република Македонија претседателот Талат Џафери одржува средба со координаторите на пратеничките групи на која треба да се утврди редоследот на активности на Парламентот за неделава.
Поради службени патувања Собранието немаше пленарни активности во изминатите две недели. Заостанати се законот за јазиците за кој ВМРО-ДПМНЕ има поднесени 35.569 амандмани, реформските закони за следење на комуникациите, законите за намалување на патните трошоци и друго.
Нема официјални информации ниту како партиите ќе го надминат проблемот со блокадата што ја предизвика бројноста на амандманите на Законот за јазиците. Претседателот на Парламентот Џафери пред неколку недели кажа дека се надева на политички договор, но дали има резултат од обидите за постигнување некаков договор ќе се знае откако ќе биде закажана агендата на Парламентот за неделава и чекорите што ќе бидат преземени од страна на парламентарните групи.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите