Џафери: И да сме 2101 година јас на Ахмети ќе му се обраќам со команданте, и тоа е моја работа
На новинарско прашање зошто Талат Џафери претседателот на Собрание му се обраќа на лидерот на ДУИ Али Ахмети со „команданте“, Џафери одговори со „тоа си е моја работа“. Инаку, Џафери смета дека превремени избори не би го решиле проблемот од немање 80 пратеници во Собранието за да се изгласаат уставни измени. Тој смета дека нема потреба да свика седница за македонско - бугарските односи.
Прашањето зошто на Ахмети му се обраќа со „командант", предизвика мала полемика на дел од новинарите со претседателот на Собранието Џафери. Зошто го користи тој прекар какаракеристичен за 2001 година, кога помина речиси четвртина век оттогаш, беше прашан Џафери, но тој повторуваше дека си е негова лична, приватна работа, како обраќање на партиец со сопартиец.
„Па што има врска што не сме 2001 година, па и да сме 2101 година, јас пак на Ахмети ќе му се обраќам како што јас сакам. Оддамна се познаваме и никој не може да ми каже како да му се обратам", рече Џафери.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци