-->
-->
Џафери: Граѓаните имаа можност да гласаат европски
-->

„Ме радува фактот што атмосферата е мирна и што граѓаните имаат можност да гласаат европски. Тоа е придобивка на политичкиот систем во Република Македонија со која граѓаните слободно ја изразуваат нивната слободна волја. Се надевам дека до крајот на денот ќе биде вака како што и започна изборниот процес“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери по гласањето во родното Форино, Гостиварско.
Тој на граѓаните им честита на европскиот начин на гласање.
„Во тој контекст сакам да им честитам на граѓаните за нивниот однос и на претендентите што ќе ја добијат нивната доверба. Овој тренд радува и сакам уште еднаш да им честитам за ваквиот начин на гласање и дека тоа ниво ќе се задржи и понатаму“, изјави Џафери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
