Џафери: Фер и демократски избори ќе бидат прилог плус за старт за преговорите со ЕУ
Лидерите решија да го вратат мандатот кај вас, обврска е на институциите да обезбедат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои вие ќе го искористите вашето демократско граѓанско право и обврска, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Собранието Талат Џафери, обраќајќи им се на граѓаните по вчерашното распуштање на Парламентот и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април.
– Апелирам до сите учесници во овој изборен процес – политички партии, партиски членови, членови на избирачките одбори и општинските изборни комисии и најважно од се медиумите да бидат на висина на својата задача да придонесат изборниот ден да биде свечен и да биде уште еден позитивен прилог во извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во март со што ќе дадеме свој значаен удел во позитивниот исход на Самитот во Загреб и да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави Џафери на прес-конференцијата која е во тек.
Ново на Сител
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него