Џачка: Мислам дека наскоро ќе видиме дека ЕУ е навистина институција што сака да не прифати
Министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, денеска изјави дека Европската унија во последно време носи одлуки кои се повеќе политички мотивирани и помалку рационални кога станува збор за политиката за проширување на ЕУ, пренесоа албанските медиуми.
Таа го изјави тоа на министерскиот панел во рамки на Балканскиот форум што се одржува во Будимпешта, на кој учествуваат шефовите на дипломатиите на Србија, Ивица Дачиќ, Унгарија, Петер Сијарто и Северна Македонија, Бујар Османи.
-ЕУ мора да биде свесна дека е профитабилно да се вклучат членови од Западен Балкан кои би биле еден вид штит од можни безбедносни закани. Имаме италијански и грчки партнери кои го велат истото (како и Унгарија) дека најважно е земјите од Западен Балкан да бидат вклучени во процесите на ЕУ. И да бидеме на мапата на ЕУ, изјави Џачка.
Таа додаде и дека е важно земјите од Западен Балкан активно да се вклучат и да вложат максимална сила и да покажат иницијатива и волја за влез во ЕУ.
-За време на Самитот во Тирана имаше сигнали дека доаѓаат сериозни промени за целиот регион. Имаме и други позитивни сигнали и мислам дека ќе успееме да ги забрзаме пристапните текови. Мислам дека наскоро ќе видиме дека ЕУ е навистина институција која сака да не прифати, рече Џачка.
Ново на Сител
-
Мециновиќ: Левица е обединувачка политичка сила за Скопје
-
Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот
-
Мисајловски: 23 Октомври нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината
-
Кавадарчанец приведен поради недолично однесување со 2.31 промили алкохол во крвта
-
Путин нареди мобилизација на два милиона резервисти за да ја брани цивилната инфраструктура од украински дронови
-
21-годишник од Тетовско пукал додека одел на семејна веселба и настанот го објавил на социјална мрежа
-
Трамп го демантираше „Волстрит журнал“дека одобрил Украина да користи ракети со долг дострел
-
На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра