Македонија
23. October 2025 - 13:04

Кавадарчанец приведен поради недолично однесување со 2.31 промили алкохол во крвта

Кавадарчанец бил приведен рано изутрина поради недолично однесување со 2.31 промили алкохол во крвта, информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Денеска во 3:10 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го привеле Ѓ.И., 39-годишен кавадарчанец, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со недолично однесување. При преземање мерки, кај него биле измерени 2.31 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР - Велес.