Ѕанакопулос: Топката е на теренот на соседите и ние чекаме на нив

Топката е на теренот на соседите да го направат решителниот чекор кон решение, а ние чекаме, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интевју за грчката телевизија „Контра“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој не сакаше да предвиди кога би се остварил телефонскиот разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас и уште еднаш го повтори неговиот став дека „ништо не е договорено, ако не се договори сѐ“.
- Она што го очекуваме е политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија да го направи решителниот чекор за конечно да отидеме напред кон заемно прифатливо решение кон кое чини дека се стремат и двете земји. Господинот Заев ќе треба да заврши со неопходните политички активности во внатрешноста на неговата земја и тоа е она што го очекуваме, вели Ѕанакопулос во интервјуто.
Ново на Сител
-

Возач со „ауди“ удрил малолетен пешак и тешко го повредил
-

Најладно во Берово, измерен еден степен, температурата до 26 степени
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
