Ѕанакопулос: Промена на уставното име - предуслов за решение

Предуслов за решавање на прашањето е поранешната југословенска Република Македонија да ја прифати обврската за промена на нејзиното уставно име, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Алфа 984“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос уште еднаш ја повторува грчката позиција за која смета дека би можела да биде прифатена и технички имплементирана од македонска страна за да постои одржливо решение.
- Потребен е договор кој јасно ќе ги опише чекорите на решението. Промена на името во меѓународните односи, во продолжение признавање, на пример, од грчка страна, потоа промена на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија за во Уставот да се вклучи новото име, а потоа поддршка од Грција за интеграција на соседот во сите меѓународни организации. Ова е позицијата што ја претставивме во преговорите, вели Ѕанакопулос.
Ново на Сител
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
