-->
-->
Дворчик: „Модерна“ ја откажа испораката на вакцини во Полска
-->
Компанијата „Модерна“ ја откажа испораката на вакцини против коронавирус во Полска закажана за утре, изјави денеска советникот на полскиот премиер Михаш Дворчик, додавајќи дека испораката може да пристигне најрано за време на викендот.
– За жал, утрешната достава на вакцините на „Модерна“ е откажана. Ќе го смениме распоредот за вакцинирање доколку е потребно, рече Дворчик на прес-конференција.
Полска доби вакцини против коронавирус како дел од шемата за набавки на Европската унија.
Според локалните медиуми, таа нарачала вакцини и надвор од договорот со ЕУ.
Полска досега вакцинираше над 700.000 лица, претежно медицински работници и стари лица.
Варшава планира да вакцинира три милиони луѓе во првиот квартал на 2021 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
