-->
-->
Двократниот европски првак во нови предизвици во ЛШ
-->

Вардар 1961, вечерва, ја започнува новата сезона во Лигата на шампионите. Шампионите на Македонија ќе му гостуваат на Елверум, натпреварот во Норвешка ќе започне во 18.45 часот.
Делегацијата на Вардар 1961 е составена од 22 членови. Во тимот ги нема Борко Ристовски, Анте Кудуз и Едуардо Гурбиндо, додека во Норвешка отпатуваа браќата Оливие и Кевин Њокас.
„Јас се уште не ја знам вистинската сила на мојот тим. Не играњето на Ф4 во СЕХА лигата и два силни меча против европски екипи не ми даваат показател за тимот. Особено што во тимот нема да ги имаме ниту Кудуз ниту Гурбиндо кои сезонава веќе играа на неколку натпревари. Едниот поради повреда, другиот поради некои други причини. Тука се браќата Њокас, кои сепак ќе имаат само еден тренинг и незнам ни во каква физичка кондиција се. Се среќаваме со екипа што игра врвен ракомет како и сите нордиски екипи, играат модерно, доста трчаат, имаат креативни играчи. Ќе биде тежок натпревар. Би било добро првиот чекор во ЛШ да го направиме со победа, но во овој момент навистина не можам да кажам дека Вардар е фаворит на овој натпревар, иако имаме свои адути и свои шанси и ќе сториме се да го добиеме натпреварот во Норвешка”, изјави тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ.
Вардар 1961 покрај Елверум, за противници во А-групата ги има Кил, Пик Сегед, Алборг, Мешков Брест, Монпелје и Загреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
